свет

Мадуро соопшти дека Венецуела ги укинува дипломатските односи со САД

Венецуелскиот претседател Мадуро рече дека ги укинале сите дипломатски односи со САД и побара дипломатите на САД да ја напуштат земјата за 72 часа.

Hakan Çopur  | 23.01.2019 - Обновена : 24.01.2019
Мадуро соопшти дека Венецуела ги укинува дипломатските односи со САД (Foto: Lokman İlhan/ AA)

Washington DC

АНКАРА (АА) - Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, соопшти дека ги укинале сите дипломатски односи со САД, јавува Anadolu Agency (AA).

Оваа одлука на Мадуро дојде откако претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно рече дека го признал Хуан Гуаидо, претседател на Националното Собрание на Венецуела кое е под контрола на опозицијата, за привремен претседател на таа земја.

Мадуро, се обрати пред своите поддржувачи кои се собраа пред претседателската палата во главниот град на оваа земја, Каракас, против демонстрациите кои ги одржа опозицијата.

Мадуро соопшти дека неговата земја го укинала сите политички и дипломатски односи со САД.

Мадуро тврди дека извршен е државен удар врз легитимната влада во оваа земја, и побара сите американските дипломати да ја напуштат земјата во рок од 72 часа. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın