Балкан

Бомбашки напад врз американска амбасада во Подгорица

Како што е соопштено од Владата на Црна Гоора, половина час по полноќ, пред објектот на Амбасадата на САД едно лице извршило самоубиство со експлозивна направа

Kayhan Gül, Adel Ömeragiç  | 22.02.2018 - Обновена : 22.02.2018
Бомбашки напад врз американска амбасада во Подгорица

Podgorica

ПОДГОРИЦА (AA) - Неидентификуван напаѓач доцна синоќа фрли бомба во кругот на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Подгорица, Црна Гора, после што со употреба на експлозивната направа изврши самоубиство, јавува Anadolu Agency (AA).

Како што е соопштено од Владата на Црна Гора, половина час по полноќ, пред објектот на Амбасадата на САД едно лице извршило самоубиство со експлозивна направа.

Непосредно пред самоубиството, лицето од раскрсницата во близина на Спортскиот центар во кругот на Амбасадата на САД фрли една експлозивна направа.

Според податоците на Управата на полицијата на Црна Гора, најверојатно станува збор за рачна бомба кашикара. Во тек е увид и идентификација. Обвинител е на лице место и раководи со увидот.

Објектот не е оштетен ниту во кругот на амбасадата имаше повредени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.