Балкан

Вучиќ и Лавров го претставија мозаикот на куполата на храмот „Св.Сава“

„Денешниот настан ја симболизира духовната и културната блискост меѓу нашите народи и држави во време кога црквите минуваат низ разни проблеми, но нашата црква овие времиња ќе ги надмине со достоинство“

Bojana Stojanovic  | 22.02.2018 - Обновена : 22.02.2018
Вучиќ и Лавров го претставија мозаикот на куполата на храмот „Св.Сава“ Talha Öztürk/АА

Belgrad

БЕЛГРАД (АА) - Mозаикот на централната купола на храмот „Св. Сава“, на која работеа 70 уметници од двете земји, покажува духовна и културна врска помеѓу Србија и Русија, се согласија претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, јавува Anadolu agency (AA).

„Денешниот настан ја симболизира духовната и културната блискост меѓу нашите народи и држави во време кога црквите минуваат низ разни проблеми, но нашата црква овие времиња ќе ги надмине со достоинство“, рече Лавров, кој вчера пристигна во посета на Србија, по повод 180 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу две земји.


Тој им се заблагодари на сите оние кои дадоа свој придонес, а особено на рускиот претседател, Владимир Путин, кој посветил лично внимание на овој проект.

Српскиот претседател исто така му се заблагодари на Путин, истакнувајќи дека денешната најголема задача за Србија е да го заврши храмот во мир.

„За нас е многу важно да се заврши овој храм на мирот, пријателството и љубовта, и ќе го завршиме за да докажеме дека сме ги научиле сите лекции и дека избравме живот, да овозможиме храмот, кој денес е најголем во овој дел на Европа, да биде најубав и најсветол, да биде центар на нашите врски, братство и мир со сите, и во него да има отпор кон сите бури на нашето пријателство со Русија“, рече тој.

Вучиќ на насобраните им се обрати и на руски јазик, истакнувајќи дека 70 руски и српски уметници сложиле милиони светкави парчиња од мозаикот во една единствена порака за братство, солидарност и единство.

„Оваа купола, небото, универзумот над нас е најдоброто место да се потсетиме на врската помеѓу двата народа и двете држави“, додаде Вучиќ.

Во име на руската компанија „Gasprom njeft“, која го поклони мозаикот за куполата на поглаварот на Српската православна црква, Иринеј, кому му е врачена спомен-плочата, како резултат на важната работа која е направена заеднички.

На церемонијата, на која присуствуваа министрите од Владата на Србија, претседателот на ентитетот на БиХ, Република Српска, Милорад Додик, и амбасадорот на Русија во Белград, Александар Чепурин, беше прикажана виртуелна презентација на храмот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın