Балкан

Заев-Тачи: Македонија и Косово немаат отворени прашања

„На граѓаните на Македонија сакам да им порачам дека денеска уште еднаш добив потврда за пријателство помеѓу Република Македонија и Косово", рече Заев

Zülfiya Yakup  | 12.12.2017 - Обновена : 13.12.2017
Заев-Тачи: Македонија и Косово немаат отворени прашања (Foto: Erkin Keci/AA)

Skopje

ПРИШТИНА (AA) – Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев којшто престојува во официјална посета на Косово се состана со претседателот на оваа држава Хашим Тачи, при што двајцата соговорници порачаа дека Македонија и Косово немаат отворени прашања, како и дека е потребно да се отвори ново поглавје на соработка, јавува Anadolu Agency (AA).

По средбата со косовскиот претседател, Заев на заедничката прес конференција по средбата со косовскиот претседател Тачи, рече дека добил поддршка од претседателот Тачи за реалзација на проектот „one stop shop” или еден царински преглед на границата помеѓу Македонија и Косово, со што би се намалиле чекањата на премините помеѓу овие две земји во двата правци.

„Заедно констариравме дека помеѓу Македонија и Косово нема отворени прашања и дека тоа треба да се искористи за меѓусебна поддршка во секој аспект и во нашите аспирации за полноправно членство во ЕУ и НАТО", рече Заев.

Тој исто така се осврна и на претседавањето на Бугарија и Австрија со ЕУ во 2018 година, при што посочи дека овие две држави би можеле да им помогнат на Македонија и Косово во процесот на интеграција во ЕУ.

Заев истакна дека на средбата е разговарано и за проблемот кој Македонија го има со нејзиниот јужен сосед Грција околу името, како и за демаркација на границата на Косово и Црна Гора при што рече дека е констатирано дека тие прашања земјите треба да ги решат билатерално.

„На граѓаните на Македонија сакам да им порачам дека денеска уште еднаш добив потврда за пријателство помеѓу Република Македонија и Косово од претседателот на Косово, од претседателот на Собранието на Косово и од премиерот на Косово, што е порака на нашите граѓани дека треба да ги унапредиме нашите односи", порача Заев.

Претседателот на Косово, Тачи, истакна дека Косово и Македонија ја завршија демаркацијата на границата на време и дека немаат отворени прашања, како и дека е време на се отвори ново поглавје на соработката во сите области.

„Нашите две земји ги исполнуваат евроатланските вредности за членство во НАТО и ЕУ и јас сум уверен дека во тој правец ќе си олесниме едни на други интеграциониот пат. Среќа е што нашите две држави немаат некое отворено прашање и затоа верувам дека посетата на премиерот Заев на Приштина ќе отвори нова можност за нашите одлични меѓусобни односи", рече Тачи.

Тој истакна дека Косово го почитува територијалниот интегритет на Македонија и силно ја поддржува имплементацијата на Охридскиот рамковен договор.

Тачи рече и дека добрососедските односи се пресудни за одредување на заедничката евроатланска иднина на регионот, поради што е неопходен и дијалог помеѓу Косово и Србија, кој треба да се заврши со договор за полна нормализација и помирување помеѓу двете земји.

Зоран Заев, којшто е прв премиер од Македонија кој го посетува Косово, утрово со државни почести беше дочекан од премиерот на оваа држава Рамуш Харадинај, а потоа следуваше и средба на делегации на двете Влади. Заев го прими и претседателот на Собранието на Косово Кадри Весели.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın