Балкан

ТИКА со донација за женската паралелка на Иса-беговата медреса во Тетово

„Се надеваме дека во наредниот период, со реализирањето на овој проект, ќе дадеме голем придонес за учениците во машкиот дел на медресата во Скопје, таа да се образува во една помодерна просторија“, рече координаторот на ТИКА во Скопје, Ајден

Besar Ademi  | 12.12.2017 - Обновена : 13.12.2017
ТИКА со донација за женската паралелка на Иса-беговата медреса во Тетово

Skopje

ТЕТОВО (АА) - Турската Агенција за соработка и координација (ТИКА) донираше техничка опрема за женскиот дел од средното училиште Иса-беговата медреса во Тетово, јавува Anadolu Agency (AA).

Во рамките на оваа донација, донирани се 32 десктоп-компјутери, пет проектори, четири печатачи, три лаптоп-компјутери, како и една паметна табла.

Координаторот на ТИКА во Скопје, Ајтекин Ајден, информираше дека донациите не се ограничени само во Тетово, туку претходно имаат направено ваква донација и во Штип.

Ајден се осврна и на проблемите што постојат во машкиот студентски дом на медресата во Скопје, при што рече: „Продолжуваме со работите за надминување на тие проблеми. Се надеваме дека во наредниот период, со реализирањето на овој проект, како Претседателство (ТИКА) ќе дадеме голем придонес за учениците во машкиот дел на медресата во Скопје, таа да се образува во една помодерна просторија, како и со помодерен и почист студентски дом и кујна, да го продолжат својот живот во една похигиенска средина“.

Тој истакна дека ТИКА реализира проекти во повеќе области, и дека особено со овие проекти во областа на образованието имаат за цел да дадат приоднес во развојот на образованието, како и во зајакнување на инфраструктурата на земјата.

Координаторот на женскиот дел на Иса-беговата медреса во Тетово, Беќир Мемети, истакна дека ваквата донација ќе даде придонес во тоа учениците на ова училиште да ги следат предавањата во услови со повисоки стандарди.

„Добивме една мошне корисна и сосема соодветна донација за нашите простории, со која се надеваме дека квалитетот на наставата во ова училиште ќе биде уште подобар и со времето во коешто живееме“, рече Мемети.

Женската паралелка на Иса-беговата медреса во Тетово започна во 2004 година, а денес тука студираат вкупно 185 ученици.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın