Балкан

Црна Гора: Утврден идентитетот на лицето кое фрли бомба врз американската амбасада

Црногорската полиција го утврди идентитетот на лицето за кое се сомнева дека фрлило бомба во дворот на американската амбасада доцна синоќа. Станува збор за Д. Ј. (42) од Подгорица, државјанин на Црна Гора

Adel Ömeragiç  | 22.02.2018 - Обновена : 23.02.2018
Црна Гора: Утврден идентитетот на лицето кое фрли бомба врз американската амбасада

Podgorica

ПОДГОРИЦА (АА) - Црногорската полиција го утврди идентитетот на лицето за кое се сомнева дека фрлило бомба во дворот на американската амбасада доцна синоќа. Станува збор за Д. Ј. (42) од Подгорица, државјанин на Црна Гора. Откако ја фрлил бомбата во дворот на амбасадата, Д.Ј. извршил самоубиство, јавува Anadolu Agency (AA).

На вонредната прес-конференција на Управата на полицијата денес е соопштено дека идентификацијата на Д.Ј. е извршена со помош на ДНК анализи.

За сега, исклучена е можноста дека се работи за терористички напад.

„Со брза и ефикасна реакција е утврден идентитетот на лицето за кое се сомнева дека фрлил бомба M75 преку оградата, а потоа преку патот на амбасадата на некои 30 метри од тоа место се убил, исто така со активирање на бомба“, изјави Енис Баковиќ, шефот на криминалистичката полиција.

Според неговите зборови, Д.Ј. не е идентификуван како извршител на кривични дела.

„Црногорската полиција работи заедно со агентите на ФБИ, ги проверуваме сите социјални мрежи кои ги користел, за да го истражиме овој случај до крај“, изјави Баковиќ.

Новинарите ги интересираше дали напаѓачот дејствувал сам или имал помош, и дали припаѓал на некоја организација како и дали имаат собрано податоци за движењето на Д.Ј. пред нападот. Од полицијата соопштија дека не можат да кажат повеќе детали поради истрагата.

Дежурната обвинителка, Лепа Меденица, изјави дека обвинител излегол на лице место и извршил увид.

„Исклучени се сите траги, а потоа е издадена и наредба за обдукција. Со понатамошните мерки е утврден идентитетот. Сега се утврдуваат мотивите на нападот“, изјави Меденица.

Од полицијата е соопштено дека по синоќешниот напад е зајакната безбедноста пред сите амбасади во Црна Гора.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.