Балкан

Шилегов: Скопје - град на велосипеди е еден од моите главни приоритети

„Проектот 'Скопје велоград' е еден од моите приоритети како градоначалник, и на градската администрација што ја предводам преку едно ново системско решение, еколошко и модерно“, рече во изјава за медиумите Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје

Bekim Laci  | 12.12.2017 - Обновена : 13.12.2017
Шилегов: Скопје - град на велосипеди е еден од моите главни приоритети

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Град Скопје е домаќин и коорганизатор на меѓународната конференција „Одржлива урбана мобилност на градовите од Југоисточна Европа“, поддржана од страна на германската агенција ГИЗ, како и од страна на германската Влада, каде што се дискутира за зголемување на бројот на корисниците на велосипеди во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).

Во наредните три дена, претставниците на администрацијата на Град Скопје, претпријатијата кои се под негова ингеренција, НВО, како и Министерството за животна средина, заедно со другите учесници на оваа конференција, ќе ги разгледуваат можностите за унапредување на велосипедската култура, која треба да резултира со зголемување на бројот на редовните корисници на велосипеди.

„Проектот 'Скопје велоград' е еден од моите приоритети како градоначалник, и на градската администрација што ја предводам преку едно ново системско решение, еколошко и модерно. Имаме за цел да се растовари градскиот метеж во центарот на градот и да се намали емисијата на штетни гасови коишто се предизвикани од автомобилскиот промет“, рече во изјава за медиумите Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје.

Шилегов нагласи дека за секој новоизграден пат се предвидени велосипедски и пешачки патеки, кои ќе им овозможат на граѓаните алтернативни начини за движење.

„Нашиот план е дека Скопје треба да стане европска зелена престолнина во 2021 година. Функцонирањето на градот Скопје ќе биде методологијата смарт сити, град Скопје, град за сите граѓани“, додаде Шилегов.

Градоначалникот на Град Скопје истакна дека моментално се бара подобра координација меѓу властите на градот и Министерството за внатрешни работи, поточно сообраќајната полиција, за отстранување на возилата паркирани на тротоарите и на главните улици на градот, и додаде дека до наредната пролет, овој проблем ќе биде решен и велосипедистите ќе можат слободно да се движат со велосипедите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.