економија

Македонија и Косово согласни за продлабочување на трговската соработка

Минситерот Бектеши во својата изјава по средбата рече дека го инфомирал својот колега од Косово за владиниот план за помош на малите и средните претпријатија за зголемување на конкурентноста за соработката со регионалните пазари и пошироко

Bekim Laci  | 14.02.2018 - Обновена : 15.02.2018
Македонија и Косово согласни за продлабочување на трговската соработка (Foto: Bekim Laci / AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Министерот за економија на Македонија, Крешник Бектеши,денеска во Скопје се состана со министерот за иновации и претприемништво на Косово, Беким Беќај, при што разговараа за можностите за зголемување на трговската размена меѓу двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).

Минситерот Бектеши во својата изјава по средбата рече дека го инфомирал својот колега од Косово за владиниот план за помош на малите и средните претпријатија за зголемување на конкурентноста за соработката со регионалните пазари и пошироко.

„Обврските што произлегуваат од Берлинскиот процес нѐ обврзуваат што повеќе да ја интензивираме трговската и економската соработка меѓу двете земји. Се согласивме заедно да се формира работна група за што поскоро да се реализира средба меѓу двете влади каде ќе се утврдат начините за зголемување на трговската размена“, истакна Бектеши.

Од друга страна, министерот Беќај нагласи дека Македонија и Косово имаат добри економски односи, за чие унапредување инфраструктурата игра многу значајна улога.

Беќај изрази надеж дека косовската иницијатива која е во процес на привршување на автопатот Приштина-Скопје од косовската страна, ќе рефлектира со брза реакција и од македонската страна, бидеќи, како што рече тој, истото е во корист на економијата и на граѓаните на двете земји.

„Косово прави голема инвестиција која ќе биде од помош и за Македонија, и се надевам Македонија да има стабилна економија и политика за да го заврши овој пат што побрзо, бидејќи од моментот кога патот е насочен кон други ориентации имаше негативни ефекти врз нашите трговски размени. Имаме цел да ја зголемиме економската соработка преку инфраструктурата. Другата фаза на соработката по завршување на патот е соработката на царините и нашите две влади“, додаде Беќај.

Што се однесува до изградбата на автопатот Приштина-Скопје, од македонската страна, минситерот Бектеши рече дека владата на вчерашната седница ги определила роковите за неговата изградба, чии работни активности ќе започнат наредната година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.