економија

Македонија и Швајцарија потпишаа Меморандум за разбирање

Потпишан е Меморандум за разбирање меѓу Швајцарија и Македонија, за нов проект за поддршка на Собранието во износ од 11 милиони швајцарски франци (9,5 милиони евра)

Admir Fazlagic  | 20.02.2018 - Обновена : 21.02.2018
Македонија и Швајцарија потпишаа Меморандум за разбирање (Foto: Admir Fazlagic/AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска во Скопје се состана со заменик државниот секретар за надворешни работи на Швајцарија, Кристина Марти Ланг, при што беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Швајцарија и Македонија, за нов проект за поддршка на Собранието во износ од 11 милиони швајцарски франци, односно 9,5 милиони евра, јавува Anadolu Agency (AA).

По заедничката средба помеѓу делегациите на Собранието на Република Македонија и Швајцарија, претседателот на Собранието, Џафери, и заменикот државен секретар на Швајцарија, Кристина Марти Ланг, одржаа заедничка прес-конференција на која информираа за потпишаниот Меморандум за соработка.

„Проектот 'Програма за поддршка на Парламентот' има за цел да обезбеди поефикасно и инклузивно функционирање на Собранието, односно целокупно институционално јакнење, унапредување на неговата законодавна и надзорна фукнција и овозможување соодветен пристап до работата на Собранието на Република Македонија за граѓаните, граѓанските организации, особено за маргинализираните групи, преку зајакната транспарентност и отчетност. Проектот ќе биде од 1 јули 2018 година до 31 декември 2029 година“, истакна Џафери.

Додаде дека овој меморандум ќе обезбеди техничка и институционална поддршка за напорите на Собранието да носи поквалитетни закони и подобро да ги користи јавните ресурси за потребите на граѓаните.

Како што информираше Џафери, според планираната динамика, подготвителната фаза на проектот ќе биде од први јули 2018 година до 30 април 2019 година, и вклучува донација од 350 илјади швајцарски франци; додека во следните најмногу 11,5 години вкупната донација за Собранието би била 11 милиони швајцарски франци. Целокупниот проект ќе го следи Управувачки совет на Советодавен одбор.

„Потпишувањето на овој Меморандум е уште една потврда за напорите на раководството на Собранието во насока на зајакнување на улогата и капацитетите на Собранието, унапредување на владеењето на правото и приближувањето до стандардите за работа и до резултатите на Парламентите од земјите-членки на ЕУ“, потенцираше Џафери.

Заменикот државен секретар за надворешни работи на Швајцарија, Кристина Марти Ланг, истакна дека овој нов проект се темели на веќе успешната соработка помеѓу Швајцарија и Собранието на Р. Македонија, којашто започна уште во 2007 година. Таа посети дека Швајцарија е етаблирана демократија низ вековите, со високи стандарди за демократија, одговорност и транспарентност на Парламентот.

„Новиот проект има за цел да го поддржи Собранието во јакнењето на неговата надзорна и законодавна фукнција, но и да ја зголеми неговата транспарентност и отвореност кон граѓаните. Главните резултати на оваа соработка се меѓу дргугото канцелариите за соработка со граѓаните и парламентарниот институт, кој станал најпрдодуктивен серрвис за истражување на парлалменти за Западен Балкан. Уште поважно е дека истиот се етаблирал себе си како независен извор за анализа за сите пратеници од сите политички партии", изјави Ланг.

Швајцарија го поддржува транзицискиот процес на Македонија од 1992 година. Оваа соработка се темели на швајцарската традиција на солидарност и ја отсликува важноста што Швајцарија ја придава на стабилноста и напредокот на Западен Балкан.

Во однос на билатералното партнерство со Македонија, Швајцарија учествува со финансиски ангажман од 69 милиони евра во периодот од 2017 до 2020 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.