економија

Премиерот Заев со повик до турските бизнисмени за инвестирање во Македонија

Премиерот на Р. Македонија, Зоран Заев, во рамките на официјалната посета на Турција учествуваше на работна вечера организирана под покровителство на Унијата на комори и стоковни берзи на Турција (ТОББ)

Bahattin Gönültaş  | 12.02.2018 - Обновена : 13.02.2018
Премиерот Заев со повик до турските бизнисмени за инвестирање во Македонија Evrim Aydın/AA

Ankara

АНКАРА (АА) - Премиерот на Р. Македонија, Зоран Заев, во рамките на официјалната посета на Турција синоќа учествуваше на работна вечера организирана под покровителство на Унијата на комори и стоковни берзи на Турција (ТОББ) во турскиот главен град, Анкара, кадешто истакна дека Турција цврсто ја поддржува Македонија во интеграциите во Евро-атлантските институции, и додаде дека Турција е најголем поддржувач на Македонија по нејзината независност, јавува Anadolu Agency (AA).

Премиерот Заев во текот на обраќањето пред присутните нагласи дека Турција и Македонија имаат долгогодишни цврсти односи поврзани со пријателски чувства, и рече дека имаат за цел трговскиот обем меѓу двете земји кој моментално изнесува 475 милиони долари, да го зголемат на една милиајрда долари.

„Турција силно ја поддржува евро-атлантската интеграција на мојата земја. Турција беше наш најголем поддржувач по нашата независност. Нашата врата е секогаш отворена за турските бизнисмени. Јас како премиер, една третина од моето време го поминувам со бизнисмени. Половината од ова време го делам за турските бизнисмени. Јас кога бев бизнисмен работев со турските бизнисмени. 10 години не земаме данок. Ние покриваме одредени трошоци на вработените. Повелете дојдете, инвестирајте. Праќаме една отворена покана од македонскиот премиер, министри и пратеници до турските бизнисмени“, рече Заев.

Заев истакна дека поскува турските бизнисмени зоните за слободна трговија во Македонија да ги гледаат како отворена врата кон Европа. „И регионот околу Македонија има голем потенцијал. Постојат значајни можности особено за инвеститорите во областа на земјоделството, градежништвото и енергетиката. Ги повикувам големите компании. Сите земји кои инвестираат во Македонија се сметаат како компании на Македонија“, додаде Заев.

- „Во Македонија постојат атрактивни можности“ -

Фаик Јавуз, член на Управниот одбор на ТОББ задолжен за финансии, укажа на турските инвестиции во Македонија кои во последните 10 години се во пораст, и нагласи дека во Македонија постојат околу 100 турски бизнисмени со инвестиции од околу 1,2 милјарди евра во различни области како банкарството, образованието, здравството, градежништвото, земјоделството, текстилот, трговијата и туризмот.

„Кога се гледа потенцијалот на двете земји, суштински постојат уште многу работи што треба да се направат. Македонија се наоѓа во срцето на југоисточна Европа“, рече Јавуз, и додаде дека Македонија нуди атрактивни понуди за инвеститорите во областа на земјоделството, сточарството и преработката на земјоделски производи.

„Очекуваме повторно да се преговара за договорот за слободна трговија кој постои меѓу Македонија и нашата земја. На овој начин ќе се овозможи отстранување на царинските даноци за сите земјоделски производи, или одредување на една концесионална стапка на давачки“, нагласи Јавуз.

Тој рече дека очекуваат поддршка од македонскиот премиер во оваа област, и дека ќе дадат каква било помош за развојот на Македонија.

На работната вечера, покрај премиерот Заев учествуваше и македонската делегација составена од министри и пратеници, турската амбасадорка во Скопје, Тулин Еркал Кара, како и турските инвеститори. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın