економија

Просечната плата во регионот највисока во Словенија, најниска во Косово и Македонија

Податоците на Заводот за статистика на Македонија покажуваат дека во ноември 2017 година просечната нето месечна заработувачка изнесувала 23.196 денари, односно 377 евра

Bedrudin Brlyavac  | 22.02.2018 - Обновена : 22.02.2018
Просечната плата во регионот највисока во Словенија, најниска во Косово и Македонија

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Според последните официјални статистички податоци, највисоките просечни плати во регионот се во Словенија и Хрватска, а најниски во Косово и Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).

Податоците на Бирото за статистика на Словенија покажаа дека кон крајот на 2017 година просечната нето месечна заработувачка во Словенија се зголемила на 1.062 евра, што е номинално зголемување од 3,1 отсто, а реално од 1,7 отсто во однос на 2016 година.

Минатата година во приватниот и јавниот сектор во Словенија забележан е раст на просечната месечна заработувачка. По Словенија следува Хрватска во која, според најновите податоци, просечната плата изнесува околу 835 евра.

Според податоците на Државниот завод за статистика (DZS), просечната месечно исплатена нето плата по вработен во Хрватска за месец ноември минатата година изнесуваше 6.190 куни или 832 евра, што на месечно ниво е номинален пораст од речиси 3 отсто, а на годишно ниво за 6,6 отсто.

Следува Црна Гора во која, според најновите податоци на Заводот за статистика на Црна Гора (Monstat) просечната плата во последниот месец од 2017 година изнесуваше 512 евра. Износот на просечната нето заработувачка во таа земја во месец декември остана ист како во ноември, додека во однос на декември 2016 година забележа пораст од 0,6 отсто.

По Црна Гора, највисоките просечни примања се забележани во Србија каде, како што покажуваат податоците на Републичкиот завод за статистика, просечната нето плата во декември 2017 година изнесувала 54.344 динари, односно 459 евра, што е номинално и реално покачување за 14,2 отсто во однос на месец ноември.

Најниските просечни плати во регионот на Балканот се забележани во Косово и во Македонија.

Според податоците на Агенцијата за статистика на БиХ, просечната исплатена месечна нето плата во БиХ во декември 2017 година изнесуваше 862KM, или 440 евра, и номинално е поголема за 0,6 отсто во однос на претходниот месец, и повисока за 1,1 отсто во однос на декември 2016 година.

Податоците на Заводот за статистика на Македонија покажуваат дека во ноември 2017 година просечната нето месечна заработувачка изнесувала 23.196 денари, односно 377 евра.

Податоците на Косовската бизнис алијанса (АКБ) покажуваат дека просечната плата во Косово во 2017 година беше 363 евра, што според податоците покажува дека во оваа земја, платата е најниска во регионот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.