економија

Скопје: Турска компанија отвора фабрика за кабли и електрични уреди за возила

Турската компанија „Мурат Тиџарет" денеска потпиша договор со Владата на Македонија за изнајмување на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 2, каде што ќе изгради фабрика за произведување на кабли и електрични инсталации за автомобилската индустрија

Bekim Laci  | 01.12.2017 - Обновена : 02.12.2017
Скопје: Турска компанија отвора фабрика за кабли и електрични уреди за возила (Foto: Bekim Laci/AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Турската компанија „Мурат Тиџарет" денеска потпиша договор со Владата на Република Македонија за изнајмување на градежно земјиште во Технолошката индустриска развојна зона (ТИРЗ) Скопје 2, каде што ќе изгради фабрика за произведување на кабли и електрични инсталации за автомобилската индустрија, јавува Anadolu Agencyy (АА).

По потпишувањето на договорот, директорот на Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ), Александар Младеновски, откривајќи детали од потпишаниот договор, рече дека со истиот се предвидува отворање на фабрика за производство на кабли и електрични инсталации за автомобилската индустрија, чие производство ќе биде посветено за надворешниот пазар.

Директорот на компанијата „Мурат Тиџарет", Ејуп Ѓулсој, изразувајќи задоволство за потпишувањето на договорот, рече дека блискоста на Македонија со Европа, квалификуваната работна сила и позитивниот пристап на Владата со пакетот за субвенции кој ќе биде објавен наскоро, се фактори кои ги убедија компаниите да инвестираат во Македонија.

Тој посочи дека истражувачката работа на компанијата, која започна пред осум месеци, денес кулминираше со потпишувањето на овој договор.

„Во првата фаза на инвестицијата се планира да се вработат 300 работници и да се инвестираат 6,6 милиони евра, а во првите десет години, бројката ќе расте до 600 вработени. Градежните работи ќе започнат во февруари 2018 година и ќе завршат во декември истата година”, рече Ѓулсој.

Вицепремиерот за економски прашања во Владата на Република Македонија, Кочо Анѓушев, рече дека денешниот договор е продолжение на напорите на Владата од Македонија да направи атрактивно место за странските инвеститори, додавајќи дека Турција е еден од најважните економски партнери, а со тоа, прометот во првите девет месеци од годината изнесуваше 282 милиони евра, што претставува зголемување за 4,4 отсто, додека извозот од Македонија во Турција се зголемил за 10 отсто.

Турција, рече тој, е меѓу најголемите инвеститори во Македонија, со инвестиции кои изнесуваат 225 милиони евра.

„За секое платено работно место над 18.000 денари при што 80 отсто од тие вработени да бидат преземени директно од Агенцијата за вработување, да бидат преземени од образовниот процес, од администрации или компании коишто биле во стечај, доколку се од овие категории тогаш инвеститорот ќе добие 20 проценти од платата", рече Анѓушев и додаде дека доколку компанијата е извозно ориентирана како што е случај со компанијата Мурат Тџарет, во тој случај ќе добие уште дополнителни 10 проценти.

Турската компанија „Мурат Тиџарет" е веќе активно работи во Европа, Кина, Северна Америка, Турција и Мексико со над 2.200 вработени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.