свет, живот

Божиќни светилки како поддршка на борбата против ракот

Хуманиот пар од Чикаго, осветлувајќи го својот дом со повеќе од 200.000 светилки, планира да собере хуманитарна помош коja ќе ja донира за лекување на децата болни од рак на мозокот

Bilgin S. Şaşmaz  | 07.12.2017 - Обновена : 09.12.2017
Божиќни светилки како поддршка на борбата против ракот Bilgin S. Şaşmaz/AA

Illinois

ЧИКАГО (АА) - Том и Тина Грусецки од американскиот град Чикаго, го украсија својот дом со повеќе од 200.000 светилки. Овој пар планира донациите што ќе ги добијат од посетителите на светлосното шоу да ги донираат за лекување на 13-годишниот Бенисио Мартинез, кој боледува од рак на мозокот, јавува Anadolu Agency (AA).

Во подрачјето на Парк Риџ во Чикаго, каде што се наоѓа домот на брачната двојка Грусецки, секојдневно доаѓаат стотици посетители. Грусецки планираат да соберат средства во висина од 50.000 долари, кои ќе ги донираат за лекување на момчето болно од рак на мозокот.

Божиќни светилки како поддршка во борбата против ракот
ЧИКАГО (АА) - Том и Тина Грусецки од американскиот град Чикаго, го украсија својот дом со повеќе од 200.000 светилки. Овој пар планира донациите што ќе ги добијат од посетителите на светлосното шоу да ги донираат за лекување на 13-годишниот Бенисио Мартинез, кој боледува од рак на мозокот. ( Bilgin S. Şaşmaz - Агенција Анадолија )
07.12.2017 Bilgin S. Şaşmaz
1 / 11

Во божиќното светлосно шоу, покрај традиционалната елка и Дедо Мраз, застапени се ликови од цртаните филмови и музички теми. Посетителите кои доаѓаат да го погледнат шоуто, се сликаат пред санката на дедо Мраз, поставена пред домот на Грусецки. За оние што сакаат да донираат, поставена е каса во којашто оставаат доброволна сума.

Брачната двојка Грусецки веќе четврта година по ред ја организираат оваа акција. За да го украсат својот дом, потребни им се месеци работа, а средствата собрани од доброволните донации ги користат во хуманитарни цели. Минатата година парот Грусецки собра околу 36.000 долари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.