свет, живот

Дијамантот на мирот од Сиере Леоне продаден за 6,5 милиони долари

Гласноговорникот на Владата на Сиера Леоне, Абдулаи Бајрајтај, изјави дека аукциската продажба на Дијамантот на мирот е историски чин којшто ја менува темната историја на трговијата со таканаречените крвави дијаманти

Ekipa  | 05.12.2017 - Обновена : 05.12.2017
Дијамантот на мирот од Сиере Леоне продаден за 6,5 милиони долари Mohammed Elshamy/AA

New York

ЊУЈОРК (AA) - Владата на африканската држава Сиера Леоне, синоќа, на аукција во Њујорк го продаде 709-каратниот дијамант за 6,5 милиони долари, јавува Anadolu Agency (AA).

Станува збор за дијамантот наречен Дијамант на мирот, кој во март оваа година, во селото Корјарду го пронајде христијанскиот пастир Емануел Момох.

Претставниците на Владата најавија дека 3,8 милиони долари ќе бидат искористени за помош на жителите на селото каде што беше пронајден каменот.

Гласноговорникот на Владата на Сиера Леоне, Абдулаи Бајрајтај, изјави дека аукциската продажба на Дијамантот на мирот е историски чин којшто ја менува темната историја на трговијата со таканаречените крвави дијаманти од сиромашната африканска земја.

Тој изрази надеж дека наоѓачите на дијаманти ќе продолжат да им ги предаваат дијамантите на владините органи и ќе го спречат криумчарењето.

„Дистриктот Коно, каде што беше пронајден дијамантот, веќе три децении е без струја, вода за пиење и патишта. Затоа, поголем дел од средствата од продадениот дијамант ќе бидат потрошени за решавање на тие проблеми“, рече Бајрајтај.

И наоѓачот на „Дијамантот на мирот“, Момох, рече дека е среќен што присуствувал на аукцијата и на преговарањето за цената.

„Дијамантот ѝ го предадов на владата бидејќи сум лојален на својата нација. Тоа го докажав и среќен сум што сум учесник во аукцијата“, рече Момох.

Уште еден 476-каратен дијамант е пронајден оваа година во истиот регион на Сиера Леоне и ќе биде продаден на аукција во белгискиот град Антверпен.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın