култура и уметност

Палестински режисер сонува да сними филм за слободен Кудс

„Филмот е добро прифатен во светот, а причината за тоа е значењето на Палестина. Верувам дека станува збор за добар филм“, рече палестинскиот режисер Салех

Halil İbrahim Sincar  | 12.12.2017 - Обновена : 13.12.2017
Палестински режисер сонува да сними филм за слободен Кудс (Foto: Halil İbrahim Sincar / AA)

Mardin

МАРДИН (АА) - Палестинскиот режисер Наврас Абу Салех изјави дека сонува да сними филм за слободни Палестина и Кудс, јавува Anadolu Agency (AA).

Салех го режисираше филмот „Oversized Coat“, кој зборува за отпорот на Палестина, а за време на престојот во турскиот град Мардин, рече дека поради тоа што филмот бил забранет, морал да го снима во село во Јордан.

Ни снимањето во Јордан не поминало без проблеми.

„Филмот е добро прифатен во светот, а причината за тоа е значењето на Палестина. Верувам дека станува збор за добар филм“, рече тој.

Како што додаде тој, во Турција планира да сними филм „15 јули и Газа“, а желба му е да се снима токму во Мардин, кој го потсетува на Кудс.

Режисерот изјави дека во филмот сака да го претстави она што во Кудс се случувало на 15 јули, како и да го претстави тој посебен однос меѓу Турција и муслиманите во Кудс.

„Мој наголем сон е слободата на Кудс да ја пренесам на бело платно. Сонувам да снимам филм за слободни Палестина и Кудс. Сакам на луѓето да им го пренесам значењето на слободата“, изјави Абу Салех.

Според неговите зборови, Кудс не е само главен град на Палестина, туку и на целиот свет.

„Одлуката што ја потпиша американскиот претседател Трамп би можела да биде пример за недоразбирања и во САД“, смета Абу Салех.

Тој истакна дека ставот што претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, го покажал по одлуката на Трамп да го признае Кудс за главен град на Израел, ги прави среќни Палестинците.

„Во случајот кога Израел го нападна бродот 'Мави Мармара', видовме колку Турците ја сакаат Палестина. И во овие последни случувања го видовме ставот на Ердоган и тоа нѐ направи среќни“, додаде Абу Салех.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın