свет

„ПКК, ПЈД, ЈПГ се ограноци на иста организација“

Претседателот на турската група при Парламентарното собрание на НАТО, Ахмет Берат Чонкар, кој се наоѓа во Брисел за состаноците на заедничкиот комитет на Парламентарното собрание на НАТО, во разговор со АА говореше за состаноците и за неговите средби

Ekipa  | 22.02.2018 - Обновена : 22.02.2018
„ПКК, ПЈД, ЈПГ се ограноци на иста организација“

Brisel

БРИСЕЛ (АА) - ШЕРИФЕ ЧЕТИН/ЈУСУФ ХАТИП - Претседателот на турската група при Парламентарното собрание на НАТО, а воедно и пратеник на АК Партија од Истанбул, Ахмет Берат Чонкар, истакна дека ПКК, ПЈД и ЈПГ се еднакви и дека тие се ограноци на иста организација. „На сојузниците што го знаат тоа, а не го искажуваат, им праќаме порака дека треба веќе да го покажат тоа на терен, и дека со чекорите што ќе ги направат треба повторно да ја изградат и освојат довербата на Турција“, рече Чонкар.

Чонкар, кој се наоѓа во Брисел за состаноците на заедничкиот комитет на Парламентарното собрание на НАТО, во разговор со Anadolu Agency (АА) говореше за состаноците и за неговите средби.

Чонкар потсети дека Парламентарното собрание на НАТО е формација во која 29 земји членки на Алијансата се претставени со над 250 парламентарци, и додаде дека Турција е една од земјите што е претставена со најголем број пратеници односно со 18.

- Борбата против тероризмот треба да биде приоритетна агенда на НАТО -

Чонкар истакна дека на состанокот на Североатлантскиот совет, кој се одржа со учество на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претставниците на 29 земји членки и претседателите на Парламентарното собрание на НАТО, разговарале околу придонесите на Турција за регионалната и глобалната безбедност во Алијансата и нејзините операции, и детално ги информирал сојузниците околу операцијата „Маслинова гранка“ што се спроведува против ЈПГ/ПКК-ДЕАШ од страна на Турските вооружени сили (ТСК).

„Ги истакнавме нашите очекувања од НАТО-алијансата, особено нагласивме дека во борбата против сите терористички организации, ова прашање треба да биде едно од првите на приоритетните агенди на НАТО, и дека оваа поддршка е многу важна од аспект на солидарноста и хармонијата во НАТО-алијансата“, додаде тој.

Чокар рече дека никој не покажал негативен став околу операцијата „Маслинова гранка“, и истакна дека тоа што претседателот на американската делегација, Мајкл Тарнер, одржа позитивен говор кон Турција во кој укажа на улогата на Турција во НАТО, покажува дека САД прават одредени потези во насока на подобрување на затегнатите односи во последниот период со Турција.

- Делегациите на Турција и САД одржаа билатерална средба -

Чонкар информираше дека по состанокот, по барање на американската делегација, одржале значајна средба на која на претседателот на делегацијата му било доставено едно опсежно досие во кое се докажува врската меѓу ПКК и ПЈД.

- Сојузниците треба повторно да ја добијат довербата на Турција -

Чонкар нагласи дека за време на средбите истакнале оти борбата против тероризмот треба да биде на агендата на НАТО. „Борбата против тероризмот треба да стане една од точките на агендата на Самитот од НАТО“, вели тој.

Чонкар истакна дека основното очекување на Турција е нејзините сојузници во НАТО да ја признаат врската меѓу ПЈД/ЈПГ/ПКК, и тоа да биде изјавено од страна на важните сојузници. „ПКК е еднаква на ПЈД, и еднаква на ЈПГ. Сите тие се ограноци на една организација. На сојузниците што го знаат тоа, а не го искажуваат, им праќаме порака дека веќе треба да го покажат тоа и на терен, и дека треба повторно да ја изградат и да ја освојат довербата на Турција со чекорите што ќе ги преземат на теренот“, нагласи Чонкар.

Покрај билатералните настани меѓу земјите во рамките на НАТО, Чонкар посочи на фактот дека Турција има институционален однос со НАТО и додаде: „Потребно е тука да се направи добра поделба. Јавноста треба да знае дека Турција е земја активна во рамките на НАТО, земја чиј збор се слуша, земја која од повеќе аспекти излегува во преден план во операциите и земја значајна за сопствената и безбедноста на своите партнери“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın