свет

Малцинска коалиција зад одлуката на Трамп за Кудс

Зад одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, со која Кудс е признаен за главен град на Израел, во најголема мера стојат евреи републиканци, кои се главната финансиска поддршка на Трамп, како и струјата на евангелистите

Hakan Çopur  | 12.12.2017 - Обновена : 12.12.2017
Малцинска коалиција зад одлуката на Трамп за Кудс

Washington

ВАШИНГТОН (АА) - Зад одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, за признавање на Кудс за главен град на Израел, во најголема мера стојат евреи републиканци, кои се главната финансиска поддршка на Трамп како и струјата на евангелистите, кои на Трамп му даваат политичка поддршка, јавува Anadolu Agency (AA).

Трамп на 6. декември изјави дека неговата земја го признава Кудс за главен град на Израел, и дека американската амбасада од Тел Авив ќе биде префрлена во Кудс. Следуваше бран на осуди, кој сѐ уште трае.


И додека траат расправите за одлуката, за која се смета дека би можела да им нанесе штета на американските национални интереси и дипломатски можности, истовремено се расправа и за тоа како дојде до оваа одлука, односно кој стои зад неа.

- Несоодветствување со општествениот консензус -

Ако се земе предвид фактот што од 11 кандидати кои претходно беа предложени за амбасадори во Израел, само двајца ја поддржаа одлуката на Трамп, дека околу 120 научници кои се занимаваат со истражувања на темата Израел и евреите го изразија своето незадоволство и дека анкетата на Институтот Бруклингс покажува дека само 31 отсто од граѓаните ја поддржуваат одлуката на Трамп, тогаш може да се констатира дека оваа одлука не е одраз на општествениот консензус.

Освен тоа, се поставува прашањето зошто Трамп токму сега ја донесе одлуката за Кудс, со што ова прашање се доведува во уште покомплицирана ситуација.

Доколку одблиску се разгледа овој процес, тогаш може да се заклучи дека во него, во преден план се појавуваат евреите републиканци и многубројни ционистички и лобистички организации кои дејствуваат на подрачјето на САД.

Организациите како што се Комитетот за американско-израелски меѓународни односи (АИПАК), Антидифамациската лига (АДЛ), Унијата на американски православни евреи, Коалиција на евреи републиканци, Американска ционистичка организација, Американско ционистичко движење и многубројни други еврејски организации му дадоа поддршка на Трамп во неговата одлука.

Шелдон Аделсон, кој е сопственик на синџир на казина и се вбројува меѓу најбогатите еврејски претприемачи во САД, беше еден од водечките имиња во рамките на еврејската републиканска коалиција кој му даде силна поддршка на Трамп во предизборната кампања.

Аделсон и неговата сопруга Миријам Очсорн се наоѓаат на врвот од листата на финансиери на Трамповата кампања, финансирајќи го со 83 милиони долари.

Аделсон и на 20. јануари оваа година, кога Трамп ја положи заклетвата, го поддржа новиот американски претседател со 5 милиони долари.

Неколку месеци подоцна, во американските медиуми беше објавено дека Аделсон од Трамп бара да ги забрани онлајн казино-игрите и амбасадата на САД од Тел Авив да ја префрли во Кудс.

Во октомври оваа година, брачниот пар Аделсон - Очсорн се состана со Трамп во Лас Вегас. Во таа пригода, за израелскиот ТВ-канал „Channel2“ (Канал 2) го искажаа своето незадоволство што амбасадата на САД сѐ уште не е префрлена од Тел Авив.

- Делумна поддршка од евреите демократи -

Од друга страна, еврејските организации кои се поблиски до демократските и либерални линии, делумно го поддржаа Трамп, укажувајќи на тоа дека таквата одлука го фрла во оган евентуалниот израелско-палестински договор за мир на Блискиот Исток.

Влијателна еврејска организација во САД, „J Street“ (Џејстрит) објави дека со одлуката на Трамп нема да се донесе ништо ново во мировниот процес на Блискиот Исток, кој и онака стои на стаклени нозе, туку ќе доведе до понатамошно оддалечување на Израел од Арапите во регионот.

Претседателот на Унијата за реформи во јудеизмот, рабин Рик Џекобс, порача дека генерално ја поддржува одлуката на Доналд Трамп, но нагласи дека донесувањето на оваа одлука без да се води процес за мир во регионот, повеќе ќе донесе штета отколку корист.

Берни Сандерс, сенаторот на Вермонт со еврејско потекло, кој беше главен ривал на Хилари Клинтон во борбата за номинација за главен кандидат на Демократите на претседателските избори во САД, исто така остро ја критикуваше одлуката на Трамп, нагласувајќи дека одлуката ќе доведе до значително зголемување на тензиите.

Доколку се погледне ситуацијата во Конгресот на САД, републиканците во голема мера го подржаа Трамп, додека поддршката од страна на демократите беше ограничена.

Освен евреите републиканци, кои му дадоа значителна поддршка на Трамп, голема улога во политичката поддршка имаше евангелистичката струја на заменик-претседателот на САД, Мајк Пенс, кој се смета за продолжена рака на евангелистите во Белата куќа. Евангелистите сметаат дека Кудс им припаѓа само на Израелците. Некои американски медиуми објавија дека Пенс е личност која има големо влијание кај Доналд Трамп, поради што се смета за едно од клучните имиња кога станува збор за одлуката на Трамп да го признае Кудс за главен град на Израел.

Со признавањето на Кудс за главен град на Израел, Трамп им се оддолжи на евреите републиканци и на евангелистите републиканци, а истовремено со донесената одлука му се оддолжи и на Аделсон за неговата значителна финансиска поддршка на својот пат кон Белата куќа.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.