свет

НАТО: На Столтенберг продолжен мандатот за уште две години

Од НАТО соопштија дека 29-те членки на Сојузот донеле одлука за продолжување на мандатот на поранешниот норвешки премиер до 30 септември 2020 година

Ekipa  | 12.12.2017 - Обновена : 13.12.2017
НАТО: На Столтенберг продолжен мандатот за уште две години

Brisel

БРИСЕЛ (АА) - Северноатлантскиот сојуз (НАТО), го продолжи за уште две години мандатот на Јенс Столтенберг, генералниот секретар на таа воена организација, пренесува Anadolu Agency (AA).

Од НАТО соопштија дека 29-те членки на Сојузот донеле одлука за продолжување на мандатот на поранешниот норвешки премиер до 30 септември 2020 година.

„Сојузниците му честитаат на генералниот секретар и имаат потполна доверба во неговата способност да продолжи со засилената работа со цел унапредување на приспособувањето на НАТО на безбедносните предизвици на 21. век“, се наведува во соопштението на меѓународната организација.

Германската Влада минатата недела го поддржа продолжувањето на мандатот на актуелниот генерален секретар на НАТО.

Министерката за одбрана, Урсула фон дер Лејен изјави дека Столтенберг има потполна поддршка од Германија и додаде дека како предводник на тоа тело завршил одлична работа во модернизацијата на НАТО и приспособувањето на неговите структури на променетата безбедносна ситуација.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın