свет

Пентагон се сомнева во руското повлекување од Сирија

„Руските коментари за повлекување на нивните сили честопати не кореспондираат со фактичкото намалување на војниците и тие не влијаат на приоритетите на САД во Сирија“

Safvan Allahverdi  | 12.12.2017 - Обновена : 12.12.2017
Пентагон се сомнева во руското повлекување од Сирија

Washington

ВАШИНГТОН (АА) - Изјавите од страна на Русија дека ќе ги повлече нејзините сили од Сирија не одговараат со ситуацијата на копно, се соопштува од Пентагон, јавува Anadolu Agency (AA).

„Руските коментари за повлекување на нивните сили честопати не кореспондираат со фактичкото намалување на војниците и тие не влијаат на приоритетите на САД во Сирија“, изјави портпаролот на Пентагон, воениот полковник Роб Менинг за новинарите на прес-конференцијата.

Изјавата на Менинг следуваше по објавата на командантот на руските сили во Сирија, генерал-полковник Сергеј Суровикин, дека Русија ги повлекува своите 23 борбени авиони, два хеликоптера, специјалните сили, воената полиција и безбедносниот персонал од Сирија, по најавата претходно истиот ден од страна на рускиот претседател Владимир Путин, за прогласување 'победа' во Сирија за време на ненадејната посета на воената база таму.

Менинг рече дека глобалната коалиција предводена од САД ќе продолжи да функционира и да ги поддржува локалните сили во Сирија, за да го комплетира воениот пораз на терористичката група ДЕАШ и да се осигура дека групата не може да си обезбеди место во регионот.

Тој, исто така, рече дека припадниците на СДС (Сириски демоктарски сили), силите поддржани од САД, составени од терористите на ПКК / ПЈД, се состанале со ирачките лидери во близина на заедничката граница на 10 декември, за да ја потврдат нивната посветеност за продолжување на операциите за расчитување во нивните области.

„Тие се состанаа со цел да ја потврдат својата посветеност, да се обезбеди сигурност дека ДЕАШ нема повторно да пушти корен“, рече Менинг, како одговор на прашањето од АА во врска со целта на состанокот.

ПКК/ПЈД е сириски огранок на ПКК, која 33 години води терористичка кампања против Турција, за време на која животот го загубија повеќе од 40.000 лица.

САД обезбедија оружје за терористите на ПКК/ПЈД, за нивната кампања против ДЕАШ во Сирија, во голема мера игнорирајќи ги врските на групата со ПКК, којашто во САД, ЕУ и во Турција е на листата на терористички групи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın