Турција, политика

„Она што го прави Турција е осигурување на безбедноста и на ЕУ и Балканот

Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, денес одржа тет-а-тет средба со премиерот на Р. Макeдонија, Зоран Заев, во палатата Чанкаја во турскиот главен град Анкара

Enes Kaplan  | 12.02.2018 - Обновена : 14.02.2018
„Она што го прави Турција е осигурување на безбедноста и на ЕУ и Балканот

Ankara

АНКАРА (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, во врска со операцијата „Маслинова гранка“ истакна дека она што го прави Турција не е осигурување на безбедноста samo на своите граѓани, туку и осигурување на безбедноста на ЕУ и Балканот, јавува Anadolu Agency (AA).

„Она што го прави Турција во регионот не е само осигурување на безбедноста на животите и имотите само на своите државјани, туку истовремено ја осигурува безбедноста и на цела ЕУ и Балканот. Ако Турција не се грижи за овие подрачја, цела Европа ќе плати скапа цена за тоа, како за кризата со бегалците, така и со бранот тероризам. За жал, гледаме дека ова не е доволно забележано и ценето од страна на ЕУ“.

Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, денес одржа тет-а-тет средба со премиерот на Р. Макeдонија, Зоран Заев, во палатата Чанкаја во турскиот главен град Анкара, по кој следуваше меѓуделегациска средба. Јилдирим и Заев по средбите одржаа заедничка прес-конференција.

Јилдирим изрази задоволство поради посетата на Заев во Турција, и рече дека посетата е значаен показател на долгогодишните цврсти и пријателски односи меѓу двете земји.

Истакнувајќи дека најосновниот елемент на цврстите братски и пријателски односи меѓу двете земји се, како што рече, нивните сонародници кои живеат во Македонија, Јилдирим нагласи дека со Заев и неговата делегација разговарале околу односите меѓу Турција и Македонија, и се согласиле за унапредување на односите меѓу двете земји во сите области.

Според Јилдирим, моменталниот трговски обем меѓу двете земји не го одразува потенцијалот на двете земји. Тој рече дека се согласиле за кратко време да го зголемат овој трговски обем, и дека ќе обрнат внимание на трговскиот биланс.

Потсетувајќи дека инвестициите на турските инвеститори во Македонија достигнува до 1,3 милијарди долари, и изрази задоволство од тоа, Јилдирим посочи дека Заев го информирал за работите кои ќе им го отворат патот на турските инвеститори.

Јилдирим рече дека со неговиот колега разговарале и околу борбата против тероризмот, како и за соработката на Балканот со вклученост на сите земји во регионот.

„Упатуваме благодарност до Македонија поради поддршката што ни ја даде во обидот за државен удар на 15 јули. Го повторивме нашето барање за ставање крај на активностите во Македонија на терористичката организација ФЕТО, која е одговорна за овој државен удар“, рече Јилдирим.

Јилдирим потсети на изјавите на премиерот Заев кој на состанок одржан на 21 декември минатата година со присуство и на турскиот вицепремиер, Хакан Чавушоглу, рече: „Непријателот на Турција е и наш непријател“. Јилдирим нагласи дека Заев со овие изрази покажал јасен став против ФЕТО, и дека го ценат тоа.

„Терористичката организација ФЕТО не е само една организација која учествувала во обидот за државен удар во Турција, туку е организација под контрола на глобалните сили која, ако не денес, тогаш утре, на среден рок, ќе биде проблем и зло за земјата во која се наоѓа. Со почитуваниот премиер ги разменивме инфорамциите кои ги знаеме околу ова прашање“, рече Јилдирим.

Турскиот премиер нагласи дека двете земји имаат значајна соработка во повеќе области како образовението и културата, и потсети дека ТИКА има значајни активности во регионот. Како што рече Јилдирим, Институтот „Јунус Емре“ и Културниот институт на Македонија имаат реализирани активности кои даваат значаен придонес во развојот на односите меѓу двете земји.

Јилдирим истакна дека со Заев разговарале и околу регионалните прашања како Сирија, Ирак, но и за операцијата „Маслинова гранка“ која ја спроведува Турција против тероризмот.

„Она што го прави Турција во регионот не е само осигурување на безбедноста на животите и имотите само на своите државјани, туку истовремено ја осигурува безбедноста и на цела ЕУ и Балканот. Ако Турција не се грижи за овие подрачја, цела Европа ќе плати скапа цена за тоа, како за кризата со бегалците, така и со бранот тероризам. За жал, гледаме дека ова не е доволно забележано и ценето од страна на ЕУ“, додаде Јилдирим.

- „Се надевам дека нема да ја оставаат Македонија да чека колку што нè оставија нас“ -

Јилдирим истакна дека нивната поддршка за Македонија во однос на прашањето околу НАТО ќе продолжи, и дека го поддржуваат членството во ЕУ.

„Иако ние не сме членка на ЕУ, се надевам дека нема да ја оставаат Македонија да чека колку што нè оставија нас. Македонија за кратко време да биде членка на ЕУ“, рече Јилдирим.

Јилдирим им посака добредојде на Заев и неговата делегација, и рече: „Ова место е вашиот дом, сакам така да го гледате. Се надевам дека активностите кои се одржаа вчера и денес ќе бидат еден важен почеток за унапредување на односите меѓу Турција и Македонија“.

Укажувајќи на евро-интеграцијата на Македонија, Јилдирим потсети дека Турција е земја која ја признава Македонија со нејзиното уставно име, и која назначи прв амбасадор.

„Една земја сама одлучува за своето име. Многу е погрешно друга земја да одреди име за некоја земја. Покрај сето ова, нашата најголема желба е да се разговара со Грција околу ова прашање и да се постигне решение“, нагласи Јилдирим.

Јилдирим рече дека е суштиснко двете соседни земји да ги решат меѓусебните прашање преку разговори. „(За Турција) Постојат прашања за кои не се согласуваме со Грција. И секогаш даваме важност на дијалогот во решавање на тие прашања. Го прифаќаме патот на дијалогот“, додаде Јилдирим.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın