политика

Одложена расправата за Законот за јазиците

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, истакна дека за денешната седница ги информирал сите институции, вклучувајќи ги и пратениците и Владата, како и министерот за правда и неговиот заменик

Bekim Laci  | 11.12.2017 - Обновена : 12.12.2017
Одложена расправата за Законот за јазиците Vedat Abdul/AA

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Комисијата за европски прашања при Собранието на Република Македонија денес го усвои дневниот ред за амандманската дебата за Законот за употреба на јазиците во второ читање, меѓутоа пред да започне дебатата седницата е прекината заради, како што објасни претседателот на Комисијата Артан Груби, неприсуството на авторизиран владин претставник, во случајот заменик-министерот за правда, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, истакна дека за денешната седница ги информирал сите институции, вклучувајќи ги и пратениците и Владата, како и министерот за правда и неговиот заменик.

„За денеска знаевме дека министерот е на службено патување во Летонија, меѓутоа очекувавме присуство на неговиот заменик, бидејќи, според членот 121, параграф 2 од собранискиот Деловник, во дебатата по второто читање е обврзително присуството на владини претставници. Во отсуство на заменик-министерот решив да ја прекинам седницата и за нејзиното продолжение да информираме на време", изјави Груби.

Според него, најважно е што дневниот ред е усвоен, и дека течат роковите за што имаат три дена на располагање за амандманска расправа за која се поднесени 90 амандмани.

Денешната расправа на Комисијата за европски прашања ја бојкотираше опозициската ВМРО ДПМНЕ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın