Турција, политика

Премиерот Заев ја започна официјалната посета на Р. Турција

Премиерот на Р. Македонија, Зоран Заев, во рамките на официјалната посета на Турција беше пречекан со свечена церемонија во Анкара, од страна на турскиот премиер, Бинали Јилдирим

Enes Kaplan  | 12.02.2018 - Обновена : 12.02.2018
Премиерот Заев ја започна официјалната посета на Р. Турција Hakan Göktepe/AA

Ankara

АНКАРА (АА) - Премиерот на Р. Македонија, Зоран Заев, во рамките на официјалната посета на Турција беше пречекан со свечена церемонија во Анкара, од страна на турскиот премиер, Бинали Јилдирим, јавува Anadolu Agency (AA).

Свечениот пречек се одржа во палатата Чанкаја во Анкара, каде што беа интонирани химните на двете земји. Потоа, македонскиот премиер Заев, ја поздрави почесната гарда.

По поздравување со делегациите на двете земји, Јилдирим и Заев се фотографираа пред медиумите.

Јилдирим и Заев потоа преминаа на тет-а-тет и меѓуделегациска средба.

На церемониајта беа пристуни турскиот вицепремиер, Хакан Чавушоглу, како и други официјални претставници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.