АНКАРА (АА) - Премиерот на Р. Македонија, Зоран Заев, беше примен од страна на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во Претседателскиот комплекс во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Средбата меѓу Ердоган и Заев траеше околу еден час и беше затворена за медиумите.
Премеирот Заев престојува во официјална посета на Р. Турција. Тој денес беше пречекан од страна на турскиот премиер, Бинали Јилдирим, со кого одржа тет-а-тет средба, по која беше одржана и меѓуделегациска средба. Потоа двајцата премиери одржаа заедничка прес-конференција.
Јилдирим, организираше свечен ручек во чест на премиерот Заев.
Во рамките на посетата на Р. Турција Заев се состана и со претседателот на Големото народно Собрание на Турција, Исмаил Кахраман.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.