свет

„Беспилотните системи ќе ја зајакнат Турција"

Исмаил Демир, потсекретар при турскиот Потсекретаријат на одбранбена индустрија, истакна дека националните беспилотни паметни летала ќе ја зајакнат Турција уште повеќе, на копно, воздух или море

Göksel Yıldırım  | 22.02.2018 - Обновена : 23.02.2018
„Беспилотните системи ќе ја зајакнат Турција"

Ankara

АНКАРА (АА) - Исмаил Демир, потсекретар при турскиот Потсекретаријат на одбранбена индустрија, истакна дека националните беспилотни паметни летала ќе ја зајакнат Турција уште повеќе, на копно, воздух или море, јавува Anadolu Agency (AA).

Првиот технолошки центар „Тинк теч“ (STM ThinkTech), основан од турската компанија за инжинеринг и трговија на одбрамбените технологии СТМ, организираше панел-дискусија на тема „Новите војници на дигитализираниот свет: Беспилотни и паметни системи“.

На панел-дискусијата каде што беше разговарано за теми како трансформација на вештачката интелигенција во одбранбената индустрија, роботи-генијалци на иднината, како и за новите задачи и тактики на беспилотните платформи, учествуваа Исмаил Демир, потсекретар при турскиот Потсекретаријат на одбранбена индустрија, Јавуз Туркенџи од Генералштабот на Турција, како и професорот на Техничкиот универзитет во Истанбул, проф. д-р Ѓокан Иналхан.

Демир за време на неговиот говор на панел-дискусијата истакна дека Потсекретаријатот ги забрзува работите околу беспилотните летала во одбранбената технологија.

Демир нагласи дека новата генерација на роботски системи се сметаат како значајни стратешки способности што треба да ги поседуваат моќните војски за војните во иднината и против терористичките закани.

„Беспилотните и паметните системи што ќе влезат во местата пред војниците ќе добијат снимки за разузнавачки цели, ќе даваат поддршка за блиска заштита, ќе ги носат тешките муниции до местото на судирот, ќе даваат придонес во операцијата, како и ќе ги извршат задачите и тактиките за одвлекување на вниманието на непријателот“, рече Демир.

- Дигитална трансформација во одбраната -

Генералниот директот на СТМ, Давут Јилмаз, нагласи дека со користење на информациите, технолошката инфраструктура и моќта на човечки тересурси, СТМ има за цел да преземе значајна улога во развојот на новата генерација на домашната и националната одбранбена индустрија на Турција.

Јилмаз рече дека се влегува во период на одбранбена индустрија каде што дигиталната трансформација брзо се случува.

„Применувањето на роботските технологии во воената област започна со беспилотните летала, и беспилотните системи сè повеќе се шират. Овие системи за кои станува збор, интензивно се употребуваат во операциски мисии како што се откривање, набљудување, вооружена патрола, прецизно водени напади, како и операции за пребарување и спасување“, додаде Јилмаз.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.