свет

„Турција е највијателна земја на Блискиот Исток по Русија”

Истрaжувачкиот центар Пју со седиште во Вашингтон, спроведе истражување според кое Турција по Русија е втора земја според своето влијание на Блискиот Исток

Gamze Türkoğlu Oğuz  | 12.12.2017 - Обновена : 13.12.2017
„Турција е највијателна земја на Блискиот Исток по Русија”

Ankara

АНКАРА (АА) - Според направеното истражување на Истражувачкиот центар Пју (Pew) се покажа дека Турција е втората земја по Русија која игра важна улога на Блискиот Исток.

Истражниот центар Пју со седиште во Вашингтон, во периодот од 27 февруари до 25 април изврши истражување кое опфаќа 6.204 лица во Турција, Тунис, Либан, Јордан и Израел. Ова истражување покажа дека споредувајќи го влијанието на земјите од регионот во однос на она пред 10 години, 63 отсто од анкетираните сметаат дека Турција по Русија е втора земја според своето влијание на Блискиот Исток.

Русија на листата се наоѓа на прво место со 64 отсто, додека САД е трета со 62 отсто. Следи Иран со 53, додека петти е Израел со 46 отсто. За Саудиска Арабија својот глас го дадоа 41 отсто, по што следи Египет со 19 отсто на последното седмо место.

- Позитивни гледиштата за Ердоган -

Во спроведената анкета во овие земји земено е мислењето и за претседателите на земјите од регионот. Додека за сите претседатели постои тренд на негативно мислење, само претседатетот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, се најде надвор од овој тренд.

Позитивно за турскиот претседател Ердоган во Јордан се изјасниле 66 отсто, во Тунис 59, додека во Либан тоа изнесува 42 отсто. Позитивно за Ердоган во Израел се изјасниле 15 отсто.

Додека третина од анкетираните позитивно се изјасните за претседателот на Египет, Абдулфета ел-Сиси, и саудискиот крал Селман, многу е мал бројот на анкетирани кои позитивно гледаат кон кралот на Јордан, Абдула. Најнегативно мислење за лидерите од регионот имаат за премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, за лидерот на Сирија, Башар ал-Асад и претседателот на Иран, Хасан Рухани.

- Нема надеж дека војната во Сирија ќе заврши -

Во спроведеното истражување, на прашањето за војната во Сирија, поголемиот дел од анкетираните од регионот сметаат дека војната, која влезе во својата 7-ма година, нема да заврши во наредните 5 години.

Најпозитивно гледиште за ставање крај на војната во Сирија има во Јордан. Во оваа земја 48 отсто од населението се надева дека војната ќе заврши во наредните 5 години.

Процентот на оние кои мислат дека војната ќе заврши во наредните 5 години, се 40 отсто во Израел, потоа следи Либан со 32 отсто, Турција со 27 отсто и Тунис со 15 отсто.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.