свет

Габриел: 400 илјади луѓе во Источна Гута живеат во драматични услови

По состанокот со министерот за надворешни работи на Швајцарија Игназио Касис во Берлин, Сигмар Габриел, германскиот шеф на дипломатијата, на прес-конференција за медиумите рече дека животот на децата во Источна Гута е посебно загрозен

Erbil Başay  | 22.02.2018 - Обновена : 22.02.2018
Габриел: 400 илјади луѓе во Источна Гута живеат во драматични услови

Berlin

БЕРЛИН (АА) - Сигмар Габриел, германскиот министер за надворешни работи, изјави дека во моментов околу 400 000 луѓе во Источна Гута во Сирија се наоѓаат под опсада и во многу драматични услови, јавува Anadolu Agency (AA).

По состанокот со министерот за надворешни работи на Швајцарија Игназио Касис во Берлин, Сигмар Габриел, германскиот шеф на дипломатијата, на прес-конференција за медиумите рече дека животот на децата во Источна Гута е посебно загрозен.

Тој нагласи дека е неопходно што е можно поскоро да се постигне прекин на огнот во овој сириски град.

Истакна и дека ги поддржува сите напори и иницијативи, со цел да се воспостави одржливо примирје и отворање на коридор за хуманитарна помош.

Напомена дека Германија ќе испрати дополнителни 10 милиони евра хуманитарна помош.

Додаде дека е особено важно да се обезбеди испорака на хуманитарна помош за децата во Источна Гута, истакнувајќи ја потребата за итна евакуација на некои деца.

На крај истакна дека неговата земја во текот на 2017 година во Сирија донираше 720 милиони, а од почетокот на војната во таа земја од 2,2 милијарди евра на хуманитарна помош.

Во нападите кои ги извршија режимските сили на Источна Гута во последните шест часа, загинаа 25 цивили.

Како што информираа новинарите на АА во Источна Гута, во последните шест часа загинаа 25 цивили.

Новинарите на АА во Источна Гута информира како во нападите во Афтрис загинаа четири лица, пет во Хамурије, и 16 во Дума.

Во Источна Гута, која е под контрола на опозицијата, живеат околу 400.000 цивили.

Источна Гута на преговорите во Астана беше прогласена за зона без судири. Но, режимот на Асад во последните месеци ги интензивираше и нападите.

Кризата во тој регион секој ден е се поголема, а илјадници болни лица чекаат да бидат евакуирани. Голем број деца и бебиња во Источна Гута починаа од глад и недостиг на лекови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın