свет

Десетици Палестинци повредени во протестите на Западен брег

Во соопштението се наведува дека израелските војници против демонстрантите употребиле солзавец како и боеви и гумени куршуми, додека Палестинците возвратиле со камени и запалени гуми

Eshat Fırat  | 12.12.2017 - Обновена : 13.12.2017
Десетици Палестинци повредени во протестите на Западен брег

Ramallah

РАМАЛАХ (AA) - Најмалку 36 Палестинци се ранети шестиот ден од протестите на Западниот Брег, покренати поради одлуката на САД за признавање на Кудс како главен град на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).

Црвената полумесечина на Палестина соопшти дека израелските војници се судрија со Палестинците во текот на демонстрациите против последната одлука на американската администрација.

Во соопштението се наведува дека израелските војници против демонстрантите употребиле солзавец како и боеви и гумени куршуми, додека Палестинците возвратиле со камени и запалени гуми.

Се додава дека за време на интервенцијата на израелската војска во Рамала, Тулкерм и другите градови на Западен Брег се ранети вкупно 36 демонстранти.

Израелските војници наводно раниле и палестинско дете во градот Селфит, тврдејќи дека детето се обидело со нож да ги нападне израелските војници.

Во петок исто така се одржани големи протести во Појасот Газа и на Западниот Брег во текот на кои во судирите со израелските сили двајца Палестинци го загубиле животот. Во сабота рано наутро убиени се уште двајца Палестинци во воздушни напади кои Израел ги изведе во Газа.

Кудс останува во центарот на израелско-палестинските судири, а Палестинците се надеваат дека Источен Кудс, кој моментално е под окупација на Израел, да биде главен град на идната палестинска држава.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.