свет

Египетскиот суд изрече 21 смртнa казнa поради поврзаност со ДЕАШ

Неодамна, Европскиот суд ја осуди честата практика на изрекување смртни пресуди во египетските судови и ги повика египетските власти да ги запрат извршувањата на тие пресуди

Ali H. M.Abo Rezeg  | 22.02.2018 - Обновена : 23.02.2018
Египетскиот суд изрече 21 смртнa казнa поради поврзаност со ДЕАШ

Al Qahirah

КАИРО (АА) - Египетскиот суд денес изрече смртни казни за 21 обвинет поради членување во терористичка ќелија поврзана со терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadоlu Agency (AA).

Неименуван извор од правосудството во Каиро соопшти дека смртните казни се изречени за 21 обвинет од северната покраина Дамиета, а меѓу нив има 16 осудени на кои им е судено во отсуство.

Во истиот судски процес, осудени се уште четворица обвинети на затворски казни во траење од 25 години, а на тројца во траење од 15 години.

Денешните пресуди оставаат можност за покренување жалбена постапка пред Врховниот апелациски суд на Египет.

Неодамна, Европскиот суд ја осуди честата практика на изрекување смртни пресуди на египетските судови и ги повика египетските власти да ги запрат извршувањата на тие пресуди.

Египет е средиште на длабока политичка и безбедносна криза до која дојде по воениот удар во 2013 година, со кој од власта е соборен првиот демократски избран претседател на Египет, Мухамед Морси. Актуелниот режим на египетскиот претседател, Абдел Фатах ал-Сиси, во изминатите пет години изрече стотици смртни пресуди.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın