свет

Лидерите на ЕУ неделава во Брисел расправаат за одбраната и миграциите

„Лидерите на ЕУ првенствено ќе се фокусираат на прашањето на одбраната, но ќе го оценат и напредокот постигнат на ниво на Унијата и во други области, особено кога станува збор за соработката со ЕУ и со НАТО“

Diyar Güldoğan  | 12.12.2017 - Обновена : 12.12.2017
Лидерите на ЕУ неделава во Брисел расправаат за одбраната и миграциите

Ankara

АНКАРА (АА) - Челниците на Европската Унија (ЕУ) на редовна седница во Брисел во четврток и петок ќе разговараат за теми како што се одбраната, миграциите, социјалните прашања, образованието и културата, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Лидерите на ЕУ првенствено ќе се фокусираат на прашањето на одбраната, но ќе го оценат и напредокот постигнат на ниво на Унијата и во други области, особено кога станува збор за соработката со ЕУ и со НАТО“, се вели во соопштението на Европскиот совет.

Се очекува на седницата да биде пружена поддршка за започнување трајна структурирана соработка (PESCO).

Се додава дека челниците на ЕУ ќе разговараат и за најважните неодамнешни случувања во областа на надворешната политика на Унијата.

Трајната структурирана соработка (PESCO) би можела да биде најголемиот чекор напред во европската одбранбена политика во последните неколку децении.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın