свет

Протест против насилството во Источна Гута: Паркирани камиони пред седиштето на ОН

Демонстрантите во знак на протест за време на седницата на Советот за безбедност пред зградата на ОН паркираа камиони со транспортери на кои пишуваше „500.000 загинати во Сирија" и „Сеуште ништо не превземате"

Bedrudin Brlyavac  | 22.02.2018 - Обновена : 23.02.2018
Протест против насилството во Источна Гута: Паркирани камиони пред седиштето на ОН

New York

ЊУЈОРК (АА) - Пред седиштето на Обединетите нации (ОН) во Њујорк денеска се одржаа протести против нападите врз цивилите во источна Гута во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

Демонстрантите во знак на протест за време на седницата на Советот за безбедност пред зградата на ОН паркираа камиони со транспортери на кои пишуваше „500.000 загинати во Сирија" и „Сеуште ништо не превземате".

Минувачите љубопитно го проследија овој несекојдневе протест.

Во интензивните режимски напади извршени во последните три дена, загинаа повеќе од 275 лица. Режимот во овој период погоди 22 здравствени центри, една џамија и едно сиропиталиште.

Во Источна Гута, која е под контрола на опозицијата, живеат околу 400.000 цивили.

Источна Гута на преговорите во Астана беше прогласена за зона без судири. Но, режимот на Асад во последните месеци ги интензивираше и нападите.

Кризата во тој регион секој ден е се поголема, а илјадници болни лица чекаат да бидат евакуирани. Голем број деца и бебиња во Источна Гута починаа од глад и недостиг на лекови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın