свет

Холандија тврдењата на ерменската страна за случувањата од 1915-та ги нарече „геноцид"

Предлог одлуката со која тврдењата на ерменската страна во врска со настаните од 1915 година ги нарекуваат „геноцид врз Ерменците", ја прифатија 142 пратеници, додека тројца пратеници гласаа против

Abdullah Aşıran  | 22.02.2018 - Обновена : 22.02.2018
Холандија тврдењата на ерменската страна за случувањата од 1915-та ги нарече „геноцид"

Netherlands

ДЕН ХАГ (AA) - Парламентот на Холандија тврдењата на ерменската страна во врска со настаните од 1915 година ги нарече „геноцид", јавува Anadolu Agency (AA).

Предлог одлуката со која тврдењата на ерменската страна во врска со настаните од 1915 година ги нарекуваат „геноцид врз Ерменците", ја прифатија 142 пратеници, додека тројца пратеници гласаа против.

Против предлогот гласаа само пратениците на партијата DENK, која ги штити малцинските муслимански и турската заедница во таа земјата.

Предлогот за ова прашање пред парламентот го изнесе Џоел Вурдевинд, пратеник на партијата Христијанска унија (ChristenUnie).

Потсетуваме, настаните од 1915 година се случија за време на Првата светска војна, кога дел од ерменското население кое живееше во Османлиско царство, им се приклучи на Русите кои упаднаа на територијата и се побунија. Овие настани се предмет на спор помеѓу Ерменија и Турција.

Ерменското лоби на Меѓународната сцена работи на собирање поддршка дека Ерменците тогаш биле жртви на „геноцид", додека Турција смета дека оценката за карактерот на тие случувања треба да дадат на историчарите, а голем број од нив не се согласуваат со тврдењата на проерменските кругови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın