спорт

Извлечени паровите од 16-финалето во Лигата на шампионите

Реал Мадрид во 16-финалето на Лигата на шампионите ќе се сретне со екипата на Пари Сен Жермен.

Serhat Bağbars  | 11.12.2017 - Обновена : 12.12.2017
Извлечени паровите од 16-финалето во Лигата на шампионите

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Денеска, во швајцарскиот град Нион, во седиштето на УЕФА се одржа излекувањето на паровите од 16-финалето на Лигата на шампиони на УЕФА, јавува Anadolu Agency (AA).

Последниот шампион во ова натпреварување, екипата на Реал Мадрид, ќе се сретне со екипата на Пари Сен Жермен.

Турскиот претставник Бешикташ, кој за првпат успеа да го мине натпреварувањето по групи во Лигата на шампионите, во 16-финалните натпревари ќе игра против германскиот претставник, екипата на Баерн Минхен. Првиот натпревар се игра во Берлин, додека реванш-средбата ќе се одигра во Истанбул.

Првите средби од 16-финалето на Лигата на шампиони се закажани на 13-14 и 20-21 февруари 2018 година, додека реваншните средби ќе се одиграат на 6-7 и 13-14 март 2018 година. Тимовите кои беа лидери во групите, ќе ги одиграат реванш-средбите на свој терен. Финалето на Лигата на шампионите е закажано за 26 мај 2018 година, а ќе се одигра на олимпискиот стадион во украинскиот главен град Киев.


Парови од 16-финалето на УЕФА Лигата на шампиони:

Реал Мадрид (Шпанија) - Пари Сен Жермен (Франција)

Баерн Минхен (Германија) - Бешикташ (Турција)

Базел (Швајцарија) - Манчестер Сити (Англија)

Јувентус (Италија) - Тотенхем (Англија)

Шахтјор Донецк (Украина) - Рома (Италија)

Порто (Португалија) - Ливерпул (Англија)

Челси (Англија) - Барселона (Шпанија)

Севилја (Шпанија) - Манчестер Јунајтед (Англија)


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın