спорт

Лига на шампиони: Меси го очекува првиот гол во деветтиот натпревар против Челзи

Најелитниот клубски фудбалски натпревар во Европа продолжува со вечерашните мечови од првото коло во осминафиналето, во кои ќе се сретнат Баерн : Бешикташ и Челзи: Барселона

Elvir Hociç  | 20.02.2018 - Обновена : 21.02.2018
Лига на шампиони: Меси го очекува првиот гол во деветтиот натпревар против Челзи

Saraybosna

САРАЕВО (АА) - Останатите четири натпревари од првиот круг од осминафиналето од Лигата на европските прваци се закажани за вечерва и утре, а денес со дерби беше прогласена битката помеѓу старите ривали Челзи и Барселона, јавува Anadolu Agency (AA).

„Сините“ од Лондон вечерва на „Стамфорд бриџ“ ќе го дочекаат каталонскиот тим предводен од најдобриот фудбалер во светот, Лионел Меси. Аргентинецот досега одигра осум натпревари против Челзи, а сè уште не се запиша меѓу стрелците. Натпреварот на распоредот е во 20:45 часот, а правдата на теренот ќе ја дели турскиот арбитер Џунејт Чакир.

Вечерва во исто време ќе се одигра уште еден, не помалку интересен дуел во Минхен, каде што Баерн ќе го дочека истанбулскиот Бешикташ.

Бешикташ е првиот турски тим кој групната фаза од Лигата на шампионите успеа да ја заврши како победник, но најтешкиот тест во сезоната „црно-белите" ќе го имаат вечерва.

Утре на распоред се и останатите два меча од првото коло од осминафиналето во Лигата на шампионите, а ќе се сретнат Шахтар Донецк : Рома и Севиља : Манчестер јунајтед.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın