спорт

На руските спортисти им е одобрено да се натпреваруваат како „неутрални“

Олимпискиот комитет на Русија денеска официјално им одобри на спортистите на претстојните Зимски олимписки игри да се натпреваруваат под неутрално знаме

Ekip  | 12.12.2017 - Обновена : 13.12.2017
На руските спортисти им е одобрено да се натпреваруваат како „неутрални“

Moscow

МОСКВА (АА) - Олимпискиот комитет на Русија денеска официјално им одобри на спортистите на претстојните Зимски олимписки игри во Пјонгчанг на почетокот на 2018 година да се натпреваруваат под неутрално знаме, јавува Anadolu Agency (AA).

Според санкциите на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) што беа објавени минатата недела поради допингот на руските спортисти на Олимписките игри во Сочи во 2014 година, спортистите во Јужна Кореја може да се натпреваруваат под олимпиското знаме и под називот „олимписки спортисти од Русија“.

Александар Жуков, претседател на ОК на Русија, рече дека мислењето на сите учесници на состанокот било едногласно, а тоа е дека руските спортисти треба да одат во Јужна Кореја, да се натпреваруваат и да победат.

Некои руски спортисти ќе бидат поканети да настапат на игрите, а и ОК на Русија ќе достави листа на својот олимписки тим.

Минатата недела, поддршка на ваквата одлука даде и рускиот претседател Владимир Путин.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.