спорт

Спектакуларен НБА Ол-стар дуел: Леброн Џејмс подобар од Стефен Кари

Ол-стар натпреварот оваа година се одигра во поинакво издание. Силите ги одмерија екипите кои ги составија најдобрите играчи на НБА лигата, односно ѕвездите Леброн Џејмс од Кливленд Кавалирс и Стефен Кари од Голден Стејт Вориорс

Övünç Kutlu  | 19.02.2018 - Обновена : 20.02.2018
Спектакуларен НБА Ол-стар дуел: Леброн Џејмс подобар од Стефен Кари ( Philip Pacheco - АА )

Njujork

ЊУЈОРК (АА) - Со дуел меѓу екипите на Леброн Џејмс и Стефен Кари, заврши 67. издание на НБА Ол-стар викендот, јавува Anadolu Agency (AA).

Ол-стар натпреварот оваа година се одигра во поинакво издание. Силите ги одмерија екипите кои ги составија најдобрите играчи на НБА лигата, односно ѕвездите Леброн Џејмс од Кливленд Кавалирс и Стефен Кари од Голден Стејт Вориорс.

Сменетиот формат допринесе за поголем ривалитет, па екипите играа значително поцврста одбрана на моменти се добиваше впечаток дека станува збор за меч од натпреварувачки, а не ревијален карактер.

Првото полувреме од натпреварот во Стејплс центарот во Лос Анџелес заврши со резултат 78:76 во корист на екипата на Кари, но на крајот славеше тимот на Леброн Џејмс, кој извојува победа со резултат 148:145.

Награда за најкорисен играч МВП на Ол-стар натпреварот ја доби Леброн Џејмс, трета во неговата кариера, а досега играше 14 пати.

Карим Абдул Џабар, Џулијус „Д-р Џ“ Ирвинг, Џери Вест и Бил Расел се дел од НБА легендите кои синоќа од првите редови на спортскиот центар го следеа Ол-стар дуелот. Покрај нив можеше да се забележат и познатите ѕвезди од шоу-бизнисот, како Бијонси, Паф Деди, Арнолд Шварценегер и Кевин Харт.

Настанот привлече големо внимание и на друштвените мрежи. Најголеми критики корисниците на Твитер (Twitter) упатија на сметка на поп дивата Ферги, која ја изведе американската национална химна пред почетокот на натпреварот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.