Турција

„Маслинова гранка“: Ослободена 91 точка, неутрализирани вкупно 1.780 терористи

Турските вооружени сили и Слободната војска на Сирија од почетокот на операцијата во Африн ослободија вкупно 91 точка, вклучувајќи еден центар на град, 69 села, една терористичка база и 20 стратешки важни планини и ридови

Ekipa  | 21.02.2018 - Обновена : 21.02.2018
„Маслинова гранка“: Ослободена 91 точка, неутрализирани вкупно 1.780 терористи

Ankara

АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) ја продолжија, во согласност со планираното, воената операција „Маслинова гранка“ во Африн, северозападниот дел на Сирија, во рамките на која досега се неутрализирани најмалку 1.780 терористи на ПЈД/ПКК - ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).

Турските вооружени сили и Слободната војска на Сирија од почетокот на операцијата во Африн ослободија вкупно 91 точка, вклучувајќи еден центар на град, 69 села, една терористичка база и 20 стратешки важни планини и ридови.

Турските сили и Слободната сириска војска го ослободија селото Уверкан, во подрачјето на Шаран од терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган од Анкара порача дека турските сили ќе ја продолжат одлучната борба против тероризмот и дека терористите во центарот на Африн наскоро ќе бидат ставени во обрач.

Прорежимските сириски медиуми вчера објавија дека режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад и терористите на ПЈД/ЈПГ постигнале договор според кој во Африн се пратени прорежимски единици таканаречени „народна одбрана“. Конвој на терористичките сили лојални на сирискиот режим се обиде од правецот на местото Нубул Зехра да влезе во центарот на Африн, но се повлече 10 километри од Африн откако турските сили упатија предупредувачки артилериски оган.

Портпаролот на Кабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, во врска со вчерашниот обид на терористичките групи лојални на сирискиот режим да влезат во Африн, порача дека секој чекор кој значи поддршка на ПЈД/ЈПГ, за Турција станува легитимна цел.

„Дали денес или утре можат повторно да се обидат на такво нешто? Можно е. Но, мерките во врска со тоа се преземени. Секој чекор кој претставува поддршка за ПЈД/ЈПГ, значи дека е во истите редови со терористичките организации и како таков за нас претставува легитимна цел“, порача Калин.

Тој нагласи дека Турција не е должна на никој да му полага сметки за операцијата во Африн, и дека Турција го прави она што е неопходно за нејзините национални интереси.

Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).

Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.

Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во јули 2012 година, без борба, на терористите на ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.

Терористите на ПЈД/ПКК под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат меѓу 8.000 и 10.000 терористи.

ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија. ПКК уште од средината на 1980-тите години води терористичка кампања против Турција.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın