Турција

Иванов: „Единствено нешто што младите не можат да научат без книги е трпение“

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов во Анкара изјави: „Генерацијата Y сето знаење сега го носи со себе, и не треба да го памети. Единствено нешто што тие не можат да научат без книги е трпение“

Behlül Çetinkaya  | 21.02.2018 - Обновена : 22.02.2018
Иванов: „Единствено нешто што младите не можат да научат без книги е трпение“

Ankara

АНКАРА (АА) - Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, кој се наоѓа во официјална посета на Турција, денес го посети Советот за високо образование (YÖK) на Турција во Анкара, а потоа учествуваше на конференцијата со тема „Предизвици и можности за високото образование во третиот милениум“, каде што се осврна на проблемите и очекувањата на младата генерација, и рече: „Генерацијата Y сето знаење сега го носи со себе, и не треба да го памети. Единствено нешто што тие не можат да научат без книги е трпение“, јавува Anadolu Agency (AA).

Иванов за време на неговиот говор на конференцијата раскажа дека во изминатите години, со претседателот на YÖK, проф. д-р Јекта Сарач, донеле одлука за одржување конференција на оваа тема. Дел од говорот на Иванов беше наменет за проблемите и очекувањата на новата генерација родена во 1980-тите и 1990-тите години, наречена „генерација Y“.

„Нашата генерација беше принудена сè да научи и да запамети од книгите, како и да собира книги. Генерацијата Y сето знаење сега го носи со себе, и не треба да го памети. Единствено нешто што тие не можат да научат без книги е трпение“, нагласи Иванов.

Иванов нагласи дека без трпение не може да се постигне знаење, и дека затоа не произлегле филозофи од „генерацијата Y“. „Во овој период, филозофијата им остана на тие што имаат слободно време. Оној што има слободно време, зборува за теми како што се морал и етика. За жал, тоа е многу намалено кај младите на ова време“, додаде македонскиот претседател.

Како што рече Иванов, кај старата генерација постоела филозофија на потрошување на знаењето, додека кај генерацијата Y постои филозофија на споделување на знаењето. „Нашата генерација порасна во периодот на суверени држави. Но, денешните млади имаат тенденција да ги задоволат нивните потреби без посредство на државата. Преку Фејсбук, Твитер, Инстаграм или Линкедин, светот стана како невронска мрежа поврзана една со друга“, истакна Иванов.

- И Академијата треба да се трансформира -

Претседателот на Македонија вели дека урбанизацијата е забрзана и дека миграцијата во големите градови е зголемена, и додаде дека паралелно со тоа се зголемува и невработеноста поради влијанието на вештачката интелегенција и вработувањето роботи.

Иванов нагласи дека промената во градовите и кај новата генерација треба да се примени во образованието и академијата. „Тоа предизвикува развој на алтернативни образовни модели приспособени на потребите на новата аудио-визуелна генерација која живее во ерата на четвртата индустриска револуција“, рече Иванов.

Истакнувајќи дека денешните образовни системи се системот „Хумболд“ којшто се појави во Прусија, Иванов рече дека образованието веќе е двонасочно, и дека и тие што бараат образование можат да подучат преку вештачка интелигенција и алгоритми.

- „Младите треба да се подучуваат и на културата на која ѝ припаѓаат“ -

Иванов рече дека толеранцијата во Европа го има значењето „не го толерираме тоа што мислиме дека е непријатно“. Иванов додаде дека во источните општества наместо тоа постои една повисока филозофија, каква што е почитувањето.

Иванов нагласи дека источните империи формирале народен систем кој ја почитува разновидноста. „Во текот на историјата, преку етничко чистење и верско насилство, постоеше обид да се промени разновидноста. Но, како што природата наоѓа начин за да се обнови себеси, и идните генерации ќе ја забележат потребата за почитување и ќе забележат дека треба да се воспостави разновидност. Османлиската империја беше последната од источните империи во која постоеше и која ја потткнуваше оваа разновидност“, додаде Иванов.

Иванов даде пример за почитување во Македонија. „Првото телевизиско емитување на турски јазик во светот, беше реализирано од Македонија во периодот на Југославија. Првите пораки на турски јазик до вселената беа испратени од Скопје, две години пред формирањето на ‘ТРТ’ “, рече претседателот на Македонија, Иванов.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın