Турција

Над 80 мигранти без документи фатени во Турција

Од нив, 66 мигранти од Ирак, Сирија и Авганистан беа задржани во подрачјето на Дикили, Измир, во обид илегално да преминат во Грција, истакна претставникот кој зборуваше под услов на анонимност

Faruk Zorlu  | 21.02.2018 - Обновена : 22.02.2018
Над 80 мигранти без документи фатени во Турција

Ankara

АНКАРА (АА) - Најмалку 83 мигранти без документи се притворени во Турција денес, соопшти безбедносен претставник, јавува Anadolu Agency (AA).

Од нив, 66 мигранти од Ирак, Сирија и Авганистан беа задржани во подрачјето на Дикили, Измир, во обид илегално да преминат во Грција, истакна претставникот кој зборуваше под услов на анонимност.

Во друг случај, Турската крајбрежна стража задржа 17 Сиријци, меѓу кои пет деца и шест жени во северозападната област Баликесир.

Турција е главна рута за бегалците кои се обидуваат да преминат во Европа, од почетокот на граѓанската војна во Сирија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın