Турција

Петмина припадници на ФЕТО добија доживотна казна затвор

Петмина осомничени припадници на терористичката организација ФЕТО (поранешни војници), денес добија отежната доживотна затворска казна поради нивното окупирање на Центарот за управување со катастрофи во Истанбул

Nilay Kar  | 22.02.2018 - Обновена : 22.02.2018
Петмина припадници на ФЕТО добија доживотна казна затвор

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Петмина осомничени припадници на терористичката организација ФЕТО (поранешни војници), денес добија отежната доживотна затворска казна поради нивното окупирање на Центарот за управување со катастрофи во Истанбул, за време на ноќта на обидот за државен удар во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

25. Висок кривичен суд на Истанбул ги осуди петте поранешни војници (членови на ФЕТО), на отежната доживотна казна затвор поради прекршување на Уставот.

Поранешните војници беа исто така осудени и на 41 година затвор поради уништување имот и предизвикување намерна повреда.

Терористичката организација ФЕТО, на чело со Фетула Ѓулен, со посредство на своите инфилтрирани припадници во државните институции, во јули 2016 година се обиде да изврши државен удар во Турција. Во тој неуспешен обид пучистите убија најмалку 250 лица. Турција потоа покрена опсежна борба против терористичката организација ФЕТО, која е формирана пред неколку децении, и под плаштот на верските програми ги злоупотреби верските чувства на луѓето за остварување на своите терористички планови.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın