Турција

Промоција на Фестивалот „Кукерландија“ во Едрене

Злите духови беа избркани со ритуалите на „Кукерландија“, а групата облечена во перјани маски ја претворија улицата Сарачлар во шарена сцена

Gökhan Zobar  | 22.02.2018 - Обновена : 23.02.2018
Промоција на Фестивалот „Кукерландија“ во Едрене ( Hakan Mehmet Şahin - АА )

Edrene

ЕДРЕНЕ (AA) - Еден од античките ритуали „Кукерландија“ се одржа во Едрене со „протерување на злите духови“ преку маскирање на луѓето, јавува Anadolu Agency (AA).

Фестивалот „Кукерландија“ на улицата Сарачлар беше сцена на шареноликости, како дел од проектот „Фестивали што растат со иновативни иницијативи“, организиран од Здружението за промовирање и одржување на културата во Киркпинар и бугарската општина Тунџа.

Маскираните луѓе одржаа ритуали за да се ослободат од лошите духови на зимата, а, исто така, ги протераа и со маски и ѕвона.

Мубеџет Ѓузеј, генерален секретар на Здружението за промовирање и одржување на културата во Киркпинар, за новинарите изјави дека работат на тоа подобро да ги промовираат уникатните фестивали во двете земји.

Ѓузеј истакнувајќи дека партнерите на проектот организирале визуелна промоција на фестивалот во Едрене за да ја претстават бугарската традицијата на „Кукерландија“, го рече следното:

„Во рамките на проектот, минатата година на спектакуларен начин го промовиравме фестивалот на пеливанско борење „Киркпинар“ во Бугарија. Се обидовме на најдобар начин таму да им го објасниме пеливанско борење „Киркпинар“. Кон крајот на неделата во Бугарија ќе се одржи Фестивалот „Кукерландија“, а нашите партнери сакаа да ги поканат жителите на Едрене на оваа манифестација и по тој повод приредија промоција во градот. Наша цел е подобро да ги реализираме и да ги промовираме фестивалите „Киркпарнар“ и „Кукерландија“ во двете земји. Лошите духови што ги донесе зимата, правејќи врева ги избркавме од Едрене. Оваа активност на визуелен начин им ја претставивме на граѓаните на Едрене.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.