Турција

Турција: За зимските денови, 1.000 куќички за мачки и кучиња скитници

На различни локации во Турција, во текот на зимата ќе бидат поставени речиси 1.000 куќички за мачки и кучиња скитници

Ekipa  | 12.12.2017 - Обновена : 12.12.2017
Турција: За зимските денови, 1.000 куќички за мачки и кучиња скитници

Bursa

БУРСА (АА) - На различни локации во Турција, во текот на зимата ќе бидат поставени речиси 1.000 куќички за мачки и кучиња скитници, јавува Anadolu Agency (AA).

Станува збор за проект на Дирекцијата за заштита на природата и националните паркови, со цел да се осигурат незаштитените животни во текот на зимата.

Од Министерството за шумарство и водостопанство потврдија дека е започнато спроведувањето на проектот на Дирекцијата за заштита на природата и националните паркови, во вредност од 500.000 турски лири.

Парите биле префрлени на 15 различни управи, каде што се купени 1.000 куќички за мачки и кучиња.

Градот Баликешир е едно од местата каде што овие животни ќе имаат засолниште во ладните зимски денови, во него се планирани 70 куќички.

Покрај засолништата за мачки и кучиња, кои ќе бидат тргнати од улицата, за нив ќе биде обезбедено и храна. За тоа ќе се погрижат вработените во управата, општината, но и граѓаните.

Претставничката на Сојузот за правата на животните во Ескишехир, Ајтен Tуткун, порача дека се работи за вреден проект.

Таа му се заблагодари на Министерството, кое е носител на проектот, и истакна дека најголем проблем се садовите за вода и за храна.

„Животните на улица немаа каде да се засолнат кога врне снег или дожд. Се обидовме во рамките на нашите можности да го решиме овој проблем. Многу е важно тоа што една официјална институција направи дрвено, квалитетно засолниште за мачки“, изјави Туткун.

Куќичките за мачки и кучиња се поставени во Јалова и во Чанаккале.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın