Турција

Јилдирим ги повика муслиманските земји на единство против одлуката на Трамп

„Палестинците не се сами во оваа неправедна, незаконска и арогантна одлука", рече турскиот премиер Јилдирим во своето обраќање пред пратениците во турскиот Парламент

Emin Avundukluoğlu  | 12.12.2017 - Обновена : 12.12.2017
Јилдирим ги повика муслиманските земји на единство против одлуката на Трамп

Ankara

АНКАРА (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, ги повика муслиманските земји да бидат единтвени против одлуката на американската администрација за признавањето на Кудс за главен град на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).

„Палестинците не се сами во оваа неправедна, незаконска и арогантна одлука", рече Јилдирим во своето обраќање пред пратениците во турскиот Парламент.

Тој нагласи дека муслиманските земји треба заедно да делуваат против таквата одлука.

„Муслиманските земји треба да бидат во единство против ваквата постапка на САД“, рече турскиот премиер.

Тој истакна дека Турција сигурно нема да го признае Кудс како главен град на Израел, сè додека не се постигне, како што рече, „решение меѓу Палестина и Израел“.

Додаде дека САД, под изговор борба против ДЕАШ, ја продолжуваат соработката со ПЈД и ЈПГ, продолжената рака на терористичката организација ПКК, додавајќи дека таквата соработка ѝ нанесува значителна штета на националната безбедност на Турција, како и на мирот во целиот регион.

Тој се осврна и на односите на Турција со Европската Унија (ЕУ) потсетувајќи дека неговата земја веќе 54 години чека на вратата на Унијата.

Напомена дека и покрај сите тешкотии, полноправното членство на Турција во ЕУ и понатаму е стратешка цел на неговата земја, истакнувајќи дека очекува овој процес веќе да не се одолговлекува.

На крајот се осврна и на економскиот напредок на Турција, потсетувајќи дека економијата на земјата забележа раст од 11,1 отсто во третиот квартал од 2017 година, што е најголем процентуален пораст меѓу 20-те најголеми светски економии.

„Имаме висок економски раст, исто така имаме цел да го постигнеме највисокото ниво на извоз во текот на последните 15 години", рече Јилдирим.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın